Вчера војвотката Кејт Мидлтон се дружела со децата во една градинка во Ислингтон, со кои заедно правеле пици во кујна на отворено. И додека Кејт им помагала на децата околу пиците, едно од девојчињата ѝ поставило неочекувано прашање: „Дали кралицата некогаш јадела пица?“.
Кејт прво се замислила, а потоа се насмеала и признала дека нема појма.
„Тоа е баш добро прашање, стварно немам појма. Можеби да ја прашам следен пат кога ќе ја видам?“, му одговорила Кејт на девојчето, пренесува Daily Mail.
Додека Кејт да праша, на темата се огласија најповиканите од кралскиот двор. Поранешен готвач во Бакингемската палата соопшти дека кралицата баш и не е фан на пица.
„Готвев за кралицата 11 години и никогаш ја немам послужено со пица“, вели за Daily Mail. „Пица не ѝ беше на менито ни кога патувавме во Италија. Готвачите што сакаа да каснат пица мораа да излезат некаде на друго место“.