Некои работи се наоѓаат токму таму каде што би требало да бидат, но други можат да ве изненадат со неочекуваната локација. На пример, можете да отидете во Шкотска, за да го набљудувате животот на кенгурите или во Кина, за да се нурнете во атмосферата на автентично алпско село. За работите кои што можете да ги видите на повеќето неочекувани и најверојатно несоодветни места, ќе ви раскажеме сега:
Дрвена куќа во срцето на Менхетен
За да се спречат пожарите, дрвените градби се забранети во Менхетн пред повеќе од еден век. Зградите во Менхетн се во најголем дел од цигли, но една куќа на 203-29 Ист стрит се разликува од целата архитектура на срцето на Њујорк. Тоа е трикатна куќа, како откината од торнадо во земјоделска област, па потоа одвеана меѓу индустрискиот Менхетен. Потеклото на оваа необична зграда се чува во тајност. Нејзината влезна врата се наоѓа на нивото на вториот кат на соседната зграда. Зградата фигурира во евиденцијата на градот од 1860 година и служела како пункт за откуп на различни отпад-метали, гума, хартија и што ли уште не.
Споменик на Ленин во Сиетл
Споменици на Ленин имало низ територијата на целиот советски блок, но еден од нив стигнал многу подалеку: дури во Сиетл. Споменикот датира од 1988 година, создаден од словачки архитект. По падот на социјализмот, како и многу други во Чехословачка, споменикот бил пренесен на депонија. Таму го пронашол американски бизнисмен, а по неговата смрт – неговото семејство му го подарило на Сиетл. Денес бронзената скулптура се проценува на 300 000 долари, а Сиетл го оправдува нејзиното присуство како „симбол на уметничкиот дух, кој е повисок од режими и идеологии”
Рибарски град во пустина
Рибарскиот град во пустината Мојнак, во Узбекистан, некогаш бил рибарски град, дом на десетици илјади луѓе. Денес тој е на 88 км од морето, среде пустината. Причината е пресушувањето на Аралско Море. Без оглед на тоа што гратчето одамна веќе не е морско, тоа и до денес има поморска флота и десетици чамци кои лежат на песокот. Грбот на градот е риба, а во градот има напуштена рибна фабрика.
Мост
Овој мост е делот од патот и се издига 40 метри над бразилските џунгли. Тој е изграден во 60-тите и 70-тите години, со идејата да стане дел од патот Риос-Сантос. Во 1976 година маршрутата на патот сепак е променета, а џунглата набрзо го „фаќа во замка“ 300-километарскиот дел, кој што денес не може да биде присоединет кон ништо. Старата дрвена скала е единственото средство што овозможува искачување на патот.
Пагода во САД
Пагода е вид на градба карактеристичен за индиските, корејските, кинеските и јапонските градби. Во 1906 година, бизнисмен по име Вилијам Витман решава да изгради раскошно одморалиште во Пенсилванија. Централно место во него го зазема кинеска пагода. Проектот не успеал, бидејќи бизнисменот не можел да добие дозвола за продажба на алкохол. Подоцна изградбата станува сопственост на градот, а пагодата -негов симбол, иако азиската популација како целина се 1.2%, а колку од нив се будисти, никој не знае.
Прада
Во 2005 година во Тексас била отворена првата продавница на Прада, во која што се продаваат предмети од есенската колекција, избрани лично од Миуча Прада. Невообичаено е дека овој магацин се наоѓа до „мртов“ пат, на многу километри од цивилизацијата. Всушност тој е замислен како уметничко дело, што ја критикува современо пристрасноста кон раскошот. Низ годините продавницата неколкукратно била нападната од вандали, а во 2013 година била оценета од патните власти како незаконска реклама.
Куќи сред автопат
За да се направи една куќа среде функционален пат, има две варијанти: грешка или тврдоглав сопственик.
Таквите градби можете да ги видите во Кина, на пример . Фармата “Скот Хол” во Англија е друг, европски пример како упорноста на еден земјоделец може да го натера патот да се раздели на две.
Лондонски мост во Аризона
Во 1831 е изграден нов мост над реката Темза во Лондон. Тој е дело на добро познатиот лондонски градежен инженер, по име Џон Рени. Такви мостови не биле изградени во Лондон од времето на Римјаните. Мостот на Рени требало да го преземе тешкиот сообраќај на градот, но наскоро почнал да тоне. Во 1967 година, мостот ја загубил стабилноста и затоа бил пуштен на продажба. Купувачот е американски бизнисмен, кој плаќа за овој мост 2,46 милиони долари. Една година подоцна, мостот е демонтиран и испратен до Аризона, каде што се наоѓа и денес.
Египетски храм во Мадрид
Мадрид е дом на Храмот на Дебод, изграден пред 2200 години од египетскиот цар Адикхаламани. Тоа е најстариот архитектонски споменик во градот, впрочем 1000 години постар од ѕидовите на самиот Мадрид.
Како египетски храм достигна до Шпанија?
Во 1950 година населението на Египет било во подем и на земјата и било потребно сериозно охрабрување на земјоделството и енергетиката. Решението било да се изгради гигантска брана, кој ќе се претвори во едно од најголемите вештачки езера во светот – езерото Насер. За жал, поголемиот дел од спомениците во регионот остануваат под вода, вклучувајќи и Храмот на Дебод. И тогаш, во 1967 година, храмот бил подарен на Шпанија во знак на благодарност за финансиската помош за Египет. Дел од зградата првично била транспортирана со брод, а потоа со камион. 1350-те контејнери пристигнуваат во Мадрид, каде што за три години храмот е одново составен.