Иако сите невестински фустани се носат по ист повод, има стотици модели, парчиња, бои, од кои можете да изберете. За да ви помогнеме, ќе ви претставиме 9 трендови кај венчаницата кои ќе бидат хит годинава.
Гол грб
Повеќето невести не сакаат да се облекуваат премногу секси, но нема ништо лошо да додадете малку софистицирана сензуалност кон својата визија. Фустаните со гол грб се најдобро решение.
Срцевидно деколте
Оваа форма на деколтето ја нагласува многу убаво бистата и дефинитивно гласаме за неа со две раце.
Ретро фустан
И оваа година ретро стилот е меѓу топ трендовите кај невестите.
Долга позадина
Долгата позадина се враќа во мода.
Цвеќиња по фустанот
Цвеќето не треба да се само декорација на масите или ресторанот, туку може да ја краси и венчаницата.
Интересна ткаенина
Понекогаш не можете да ја прекршите класиката. Ако сакате традиционален фустан со индивидуален ракопис, само изберете поинтересна ткаенина.
Фустан во боја на праска
Доколку не сакате да се заколнете на вечна верност во бело, можете да го направите тоа во некои нежни пастелни бои како праска.
Слоеви тул
Така ќе се создаде посакуваниот обем, без да претерувате.
Апликации
Украсете го фустанот со убави апликации – цвеќиња, пеперутки …