ДЕВЕТ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ СО НОВИ ФАСАДИ

karpos

Општина Карпош со несмалено темпо продолжува со реконструкција на фасадите на територија на Општина Карпош. По бројните реконстурирани објекти, пред само неколку дена започна реставрирањето на фасадата на зградата на улицата Љубљанска бр.1, а веднаш по неа е станбениот објект на улицата Воденска бр.6.

Вкупната инвестиција за двата објекта ќе изнесува 4.800.000 денари и  истата ќе биде покриена од буџетот од Општина Карпош. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите, додаде дека и покрај многубројните паркинг простори, станарите ќе имаат  можност за бесплатно паркирање во близина.

stef– Станарите на Љубљанска 1 ќе добијат бесплатен паркинг простор во Т.Ц. Скопје Сити Мол и нема да имаат никаков проблем при паркирањето за своите возила. Исто така, сакам да ги замолам граѓаните со заеднички сили со локалната самоуправа, да ја реконстурираме и покривната конструкција, со тоа што локалната самоуправа ќе издвои средства за лимот, парната брана и изолацијата, а пак граѓаните ќе треба да ги покријат трошоците за работната рака – рече Јакимовски и дополни дека соработката со „Хабитат Македонија“ е од големо значење, бидејќи тие се подготвени да го одобрат повеќегодишниот кредит, со што почнатите згради и најавените девет кои дополнително ќе се работат, целосно ќе бидат  реконстурирани.

Рокот на изведба на двата објекта е 21 ден и се планира до октомври оваа година предвидените 11 згради да бидат целосно реконструирани.

- Реклама -