Најновите податоци од Институтот за јавно здравје го потврдуваат она што го посочи и министерот за здравство Венко Филипче – дека новите случаи на Ковид-19 доаѓаат во најголем дел од семејни собири.
Од вчера објавените 21 нови случаи, 12 се од Скопје, со што бројот на активни случаи во главниот град достигна 204, а вкупниот број на заразени досега – 725.
9 од новите 12 случаи од Скопје се од Чаир, а останатите тројца се од Гaзи Баба, Кисела Вода и Карпош. Според информациите на „Фокус“, сите новозаразени во Чаир се од иста фамилија.
Чаир, заедно со Гaзи Баба и Сарај, се општините со најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје во моментов. Екипата на „Алсат“, пак, и вчера забележа непочитување на пoлицискиот час во оваа населба, како и во други места од земјата. На само неколку метри од полицискиот пункт, во една од населбите во Скопје, можевте слободно да дојдете и да си купите хамбургер за време на полицискиот час, пренесува телевизијата.
Дека има поместување на жариштата низ државата, потврдува и анализата на „360степени“. Од мапата на активни случаи на Ковид-19 низ Македонија, речиси половина од актуелните бoлни се во Скопје, а уште приближно 20% се во Тетово. Останатите 30% заразени се распределени низ целата држава.
Според податоците на Министерството за здравство, во последните две недели 47.9% од новите случаи се од Скопје, а 19.3% од Тетово. Куманово, кое до скоро беше најкритично, сега има само 7.1% од новите случаи во последните две недели. Од остатокот од државата, каде живее повеќе од половината на населението во земјава, доаѓаат останатите 25.8% од новозаболените.
Еден од главните проблеми, пишува „360степени“, е што дел до граѓаните воопшто не веруваат дека вирусот постои. Погледнете и прочитајте ТУКА.