Детска дефиниција за љубов

jagodi_intro.jpg Едно истражување беше спроведено на група дечиња на возраст од 4-8 години за осознавање на поимот љубов гледан низ детската призма. Одговорите се подлабоки од што било кој од нас би можел да замисли.

hearts2.jpg

Едно истражување беше спроведено на група дечиња на возраст од 4-8 години за осознавање на поимот љубов гледан низ детската призма. Одговорите се подлабоки од што било кој од нас би можел да замисли.

„Мојата баба боледува од артритис и не може да ги лакира ноктите на ножните прсти. Но мојот дедо, кој исто така боледува од артритис, секојдневно го прави тоа за неа. Тоа е љубов.“

Ребека, возраст: 4


„Љубовта е таа која ти носи насмевка, кога си навистина уморен од се.“

Тери, возраст: 4


„Кога мајка ми му прави кафе на татко ми и секогаш ја пие првата голтка за да провери дали кафето е навистина вкусно.“

Дани, возраст: 7


„Кога некое момче почнува да носи иста маица секој ден, само затоа што неговата девојка рекла дека изгледа убаво во неа“

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Ноел, возраст: 7


„За време на една моја пијано изведба, бев премногу исплашена и погледнав кон публиката. Мојот татко беше насмеан и ми мафташе. Тој беше единствениот кој го направи тоа. Повеќе не чувствував страв.“

Синди, возраст: 8


„Кога мајка ми го дава најдоброто парче пилешко месо на мојот татко.“

Елејн, возраст: 5


„Кога моето куче кое цел ден седи само дома, сепак го лиже моето лице кога ќе ме види.“

Мериан, возраст: 4


„Знам дека сестра ми ме сака бидејќи ми ја дава целата нејзина износена облека, а таа мора да си купува нова.“ (е ова е навистина љубов) 🙂

Лорен, возраст: 4


„Кога си заљубен, мали ѕвезди излегуваат од твоите очи секогаш кога трепнуваш.“

Карен, возраст: 7


„Никој не треба да кажува ТЕ САКАМ освен ако тоа навистина не го мисли. Но кога тоа веќе го чувствувате, кажувајте го што можете почесто. Луѓето едноставно забораваат.“

Џесика, возраст: 8

 

Комплетниот текст прочитајте го на следниов линк .

- Реклама -