Децата од домот 11 Октомври ги посетија станарите на Резиденција Дабески

Широки насмевки денес (23.12) можеа да се видат на лицата на дечињата од домот 11 Октомври и на станарите од резиденција Дабески кои уживаа во заедничките саати поминати заедно. Имено, дечињата од домот за деца без родители 11 Октомври, ги изненадија станарите на Дабески со посета и изведба на новогодишна претстава. Возрасните станари на Дабески, не го криеја задоволството од посетата и одушевувањето од изведбата на децата.

„Верувам дека ова е еден од најубавите денови на нашите станари, судејќи според нивните насмевски овој ден и дружењето со дечињата ќе го паметат долго. Постојано работиме на збогатување на социјалниот живот и богата програма за нашите станари и оваа посета и дружба денес е прекрасно заокружување на оваа година” изјави Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.

Среќни, насмеани, полни со впечатоци беа и дечињата кои уживаа во посетата и подароците, новогодишните пакетчиња кои ги добија од резиденција Дабески.

Двете установи преку организација на овој настан покажаа дека новогодишната магија не познава граници и возрасти и дечињата и возрасните подеднакво уживаа во миговите поминати заедно.

10884641_10204749842919729_1620793779_n

- Реклама -