Детето робот научи да оди (видео)

Повеќе... Откако детето робот со биометричко тело дојде на свет се случија многу работи, тоа наполни две години и научи да оди.

cb203.jpgОткако детето робот со биометричко тело дојде на свет се случија многу работи, тоа наполни две години и научи да оди.

CB2 е еден од најнапредните проекти во областа на роботиката во Јапонија. Дизајниран со способности за учење на двегодишно дете, CB2 ја восприема околината преку оптички, аудиторни и 200 тактилни сензори и на тоа може да реагира правејќи фацијални експресии.

Роботот може да ги меморира емоционалните експресии преку камерите во очите и потоа да ги поврзе со физички сензации. Тимот кој го конструира се труди да го научи овој андроид да размислува како бебе кое ги вреднува и ги категоризира изразите на лицето на мајката во основни категории, како среќа и тага.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Со помош на 197 сензори, камери во очите, 51 пневматични мускули и процесирачка енергија за сето тоа да биде активно, ова дете-робот научи да ги препознава изразите на лицето и ги направи првите чекори и сега може без проблем да се движи со помош на 51 мускул придвижен од воздушен притисок.

Неговите креатори тврдат дека CB2 полека ги совладува вештините за социјализирање кога е во интеракција со луѓето, така што ги набљудува нивните фацијални експресии и ја имитира врската мајка-дете.

{youtube}bCK64zsZNNs&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -