Во Британија започна тестирање на новите знаци-сензори кои детектираат дали возачот на автомобилот што минува крај нив користи мобилен телефон?
Новите детектори во моментов се тестираат во Норвич, но засега само се предупредуваат возачите да ја прекинат употребата на телефонот, додека се зад управувачот. Вреди да се напомене дека во Британија е нелегално да се држи мобилен во рака во текот на управувањето, но овие сензори можат да детектираат се, дали во автомобилот се води телефонски разговор или не, но се уште не може да се откре дали тој се спроведува и преку употреба на hends-fri уреди, кои исто така на Островот се нелегални. Производителот на оваа технологија Westcotec велат дека работат на ова и наскоро ќе може да се примени и оваа технологија.
– Сметам дека наскоро ќе имаме завршен производ. Само треба да продолжиме со работата и сигурен сум дека ќе најдеме долгорочно решеноие за овој проблем, истална Оли Самвајз, технички инженер во Wastcotec.