Детектор за лаги за социјалните медиуми открива онлајн гласини

Детектор за лаги за социјални медиуми ќе ги проверува онлајн гласините, соопшти BBC. Системот ќе анализира во реално време дали даден онлајн пост е вистина. Тој, исто така ќе идентификува дали текстовите  во социјалните медиуми биле создадени само за да шират лажни информации.

Целта на овој систем е да се помогне на организациите, вклучувајќи и владини служби и итна помош, да ги исполнуваат поефикасно своите должности на различни настани. Проектот е создаден  од студии врз основа на користење на социјалните медиуми за време на немирите во Лондон во 2011 година. Податоците кои ќе бидат анализирани, ќе вклучуваат мислења на Twitter, коментари во здравствени форуми и јавни коментари на Facebook.

Според истражувачите,  онлајн гласините ќе се класифицираат во четири типа:

  • Шпекулации – на пример дали каматните стапки може да се креваат
  • Контроверзни информации – слично на оние настани околу комбинираната вакцина за морбили, заушки и рубеола.
  • Лажни информации – кога нешто неточно се шири ненамерно
  • Дезинформации – кога лажни информации се шират со намера.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -