Дилан Споеринг од Минеаполис стана ѕвезда, откако се сетил да си направи концерт на пијано во дворот.
Тој ставил знак како постер, но не очекувал дека неговата иницијатива ќе прерасне во настан кој што им се допаднал на многумина посетители.
Томас, еден од соседите на Дилан, иако не го познавал момчето, сметал дека знакот бил премногу кул, па се заангажирал да го испромовира неговиот настан и на Фејсбук. Тој побарал дозвола од родителите на Дилан и поканил голем број на луѓе.
Иако времето не бил идеален, одзивот бил неверојатно. Публиката стоела во тревникот со чадори, а бројката изнесувала 200 посетители.
Пред сите негови фанови, Дилан извел неколку кратки пијано парчиња, а бил вратен и на бис. Еден од неговите пријатели, Травис Ли, во живо го емитувал настанот, а видеото има повеќе од 33.000 прегледи. Може да се види тука.