Детални фотографии од инсекти

инсектиОвие неверојатни фотогравии од инсекти се направени со составување на 687 посебни слики направени со помош на микроскоп. Томас Рак фотографира мал дел од инсектите под микроскоп пред да се помести само пет стоти делови од милиметар и да направи уште една фотографија. Потребни се до 687 движења и „микро-фотографии“ за да се опфати секој дел од инсектот во неверојатни детали.

инсектиТомас потоа ги составува сликите со помош на компјутер за да состави една целина. Фотографот од Вандсворт, југозападен Лондон изјавил: „Ги поставувам инсектите на специјална подлога која може да биде поместена за само 5 стоти делови од милиметар. Потоа ја поставувам подлогата под микроскоп со камера и правам фотографија. Добивам навистина остри слики, но тие опфаќаат многу мал дел, па затоа морам да ја поместам подлогата и да направам нова фотографија.“
инсектиинсектиинсектиинсектиинсектиинсекти

- Реклама -