Постојат повеќе од 5.000 траги во пишувањето кои можат да го опишат карактерот.Како пишувате вие?
Графологијата е студија за ракописот која помага детално да се проучат и одгатнат особините, карактерот и можностите на човекот, на основа на начинот на пишување. Постојат повеќе од 5.000 траги во пишувањето кои што можат да ви го опишат карактерот.
Доколку пишувате мали букви – срамежливи сте и сконцентрирани.
Доколку пишувате просечни букви – Лесно сте прилагодливи на разни ситуации.
Доколку правите големо растојание меѓу зборовите- Уживате во слободата и ретко кога сте во метеж.
Доколку правите мало растојание меѓу зборовите – Не сакате да бидете сами и настојувате да бидете опкружени со луѓе.
Искосеност на буквите
Неискосени – Не дозволувате да ве совладаат емоциите, ја користите логиката и практични сте.
Искосени во десно – Сакате да запознаете нови луѓе и да искористите нови нешта.
Искосени во лево – Се држите до себе и сакате да работите „зад сцената“.
Облик на буквите
Округли букви – Креативни сте и сакате уметност
Шилести букви – Агресивни сте, нервозни, интелигентни и љубопитни.
Поврзани букви – Логично размислувате и внимателно носите одлуки.
Заокруженоста: Тесен или широк круг
Сосема тесни кругови – Често сте под стрес
Поголеми кругови – Опуштени сте, спонтани и сакате да го искажувате мислењето
Збиена мала буква – Скептични сте и ретко кога сосема му верувате некому.
Округла, мали букви – Вие сте со широки сфаќања.
Буквата Т
Црта на врвот – Амбициозни сте и оптимистични
Црта на средината – Самоуверени сте.
Долга црта – Ентузијасти и тврдоглави
Кратка црта – Мрзеливи
Отвореност и затвореност на буквите
Отворено – Отворени сте и сакате да се дружите
Затворено – Сакате приватност и сите важни нешта ги задржувате само за себе.
Притисок во текот на пишувањето
Темно – Не ви е тешко да се посветите на нешто, но доколку притисокот е голем, станувате претерано напнати и критични
Светло – Сензитивни сте и често чувствувате и покажувате емпатија; не сте енергични.
Потпис
Нечитлив – Сакате приватност и тешко е вас да ве разберат и добро да ве запознаат.
Јасно читлив – Спротивното. Не ви е проблем да се искажете.