Детали на вашето тело што мажите ги обожаваат, а вие ги мразите

Постојат детали за кои вие сте убедени дека не ви стојат добро и дека го нагрдуваат вашето тело, односно телото на секоја девојка, но мажите не секогаш се согласуваат со тоа…

Лице без шминка

Жените имаат двојно поголема самодоверба кога на лицето имаат шминка, но мажите со ова не се согласуваат. Тие велат дека повеќе им се допаѓа природноста на лицето на една жена и дека тоа е многу попривлечно, а некои од мажите додаваат дека жените без шминка изгледаат помладо.

Стапала

Стапалата се дел од телото на кој жените и не посветуваат особено внимание во споредба со другите делови. Но, докажано е дека мажите ги обожаваат и секогаш ги гледаат жените во стапалата, а дури некои од нив карактерот и навиките на жената го оценуваат според стапалото.

Раце

Како и стапалата така и рацете, односно дланките и ноктите, се места кои мажите секогаш ги забележуваат. Правете редовно маникир, подрудете се да имате меки и нежни раце и што почесто да ги покажувате. Ќе изгледате поотворено, а мажите го сакаат тоа.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Голем задник

Немојте да се загрижувате ако имате малку поширок задник отколку што мислите дека ви е доволно. Можеби вие во него гледате целулит, здебеленост, неправилност или слично. Мажите во него гледаат привлечност. Докажано е дека жените со природни облини на задникот се повеќе посакувани од оние кои имаат манекенски граден задник.

Несиметрична вулва

Има жени кои се впуштаат во разни хируршки интервенции само за да ги направат усните на вагината симетрични. Нема потреба од вакво нешто. Докажано е дека мажите ова не го забележуваат, а дали усните се симетрични или не воопшто не им значи нешто.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -