Нови детали за следната генерација на C-класа

На интернет просторот се откриени нови детали за следната, четврта генерација на Mercedes-Benz C-класа, кои се базираат на извори од компанијата.

Седанот и караванската верзија ќе имаат свое деби на салонот во Женева во 2014 година, а една година подоцна ќе излезат купето и кабриолетот.

Како што е познато идната С- класа ќе биде изградена на модуларната платформа на Mercedes-Benz MRA, која ќе биде искористена и за следните генерација на E и S- класа. Платформата ќе има ново независно потпирање напред со двојни триаголни носачи. Позади суспензијата исто така ќе биде независна, како кај актуелната генерација, но ќе добие значителна модернизација. Освен тоа ќе се намали масата на моделот, а базната верзија С160 ќе тежи околу 1.380 килограми.

Должината на новиот модел ќе се зголеми за 100 mm (до 4.691 mm), што ќе приближи до конкурентите – Audi A4 (4.701 mm) и BMW серија 3 (4.624 mm). Меѓуоскиното растојание ќе се зголеми од 2.760 на 2.820 mm, а ширината од 1.770 на 1.810 mm. Ќе порасне и обемот на багажниот простор од 475l од сегашната генерација, на 485 l (кај А4 и Серија 3 е 480 литри).

2

Во палетата мотори на новата C- класа ќе влезат 4 и 6 цилиндерски бензински мотори кои започнуваат од 2.0 литри со моќност од 186 КС и завршуваат со 3.0 твин-турбо со 335 КС. Меѓу дизелите ќе се најде модернизираната верзија на досегашниот 2.1 литарски четирицилиндерски агрегат, а исто така и 1.6 моторот на Renault со моќност од 180 КЅ. Во 2015 година ќе се појави хибриден погон, како и бензински мотори со зафатнина од 1.6 и 1.8 литри, кои ќе бидат од заеднички германско-француски развој. Последна на пазарот ќе излезе AMG-верзијата со 4.0 литарски твин-турбо, осумцилидерски мотор. Менувачите ќе бидат 6-брзински мануелен и доработен 7-брзински автоматски. Новиот 9-степен автоматски менувач развиен од Mercedes-Benz, ќе се појави дури во 2017 година.

Освен тоа следната C- класа ќе добие електромеханички засилувач на управувачот, адаптирачка суспензија, систем за спречување на судир и зачувување на правецот на движење со помош на камери, а исто така и систем, кој помага за откривање на приближување кон крстосница со пешаци и автомобили. Тој ќе може, по потреба, да ги активира автоматските сопирачки на возилото.

3

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -