Дескоска објасни зошто во буџетот за 2020-та се предвидени 3.7 милиони евра за Катица Јанева и пропаднатото СЈО

Иако од СЈО останаа само неплатени сметки, неговата шефица и во 2020-та ќе добие 3.7 милиони евра од буџетот, исто како и досега, за 2019-та; барем така се чини од предложениот буџет. Денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, министерката за правда Рената Дескоска објасни каква е состојбата.

Како што рече Дескоска, Јанева циркуларот и барањето за буџет за СЈО го испратила пред да биде разрешена. По тоа прашање било разговарано во Министерството за финансии, каде било констатирано дека согласно законот Министерството е должно да го почитува барањето. Останува да се види како тој предлог ќе помине во Собранието, порача Дескоска, но во секој случај тие средства ќе завршат, генерално, во Јавното обвинителство.

 

- Реклама -