Дешан проговори за иднината: Во јануари ќе разговараме, па ќе видиме!

Си оди, па останува, па пак заминува… Вака во изминативе еден месец беше ролеркостерот на Дидие Дешан околу неговото останување на селекторската функција на Франција.

„Триколорите“ не успеаа вечерва да ја одбранат светската круна после трилер поразот во пенал-рулетот со Аргентина, па Дешан најави дека допрва ќе разговара со федерацијата, по што ќе се знае повеќе за иднината.

Пред да почне СП беа најавите дека Дешан без оглед на исходот го завршува мандатот и дека Зинедин Зидан ќе биде негов наследник, но потоа наводно селекторот се предомислил и решил да остане, па повторно се појавија најави за заминување, па пресврти за евентуално останување…

- Реклама -