И покрај милионите долари вложени во производството оваа година, ниту еден од високобуџетните спектакли не се има приближено до вртоглавите износи на продукциите од претходните блокбастери.
Списокот на 10-те најскапи филмски остварувања го води мегапопуларниот авантуристички спектакл „Pirates of the Caribbean: At World’s End“, од 2007 година. Третиот дел на франшизата на Дизни чинеше неверојатни 332 милиони долари. Следува романтичната драма на Џејмс Камерон „Titanic“ од 1997 година, кој изнесуваше 286 милиони долари, пренесува „Digital Spy“.
Во листата на десетте најскапи филмови се наоѓаат:
3. „Spider-Man 3“ (2007) – 286 милиони долари
4. „Tangled“ (2010) – 274 милиони долари
5. „Harry Potter and the Half-Blood Prince“ (2009) – 268 милиони долари
6. „Waterworld“ (1995) – 259 милиони долари
7. „Pirates of the Caribbean: Dead Man’s Chest“ (2006) – 256 милиони долари
8. „Avatar“ (2009) -574 милиони долари
9. „John Carter“ (2012) – 250 милиони долари
10. „King Kong“ (2005) – 243 милиони долари