Доколку го имате Фејсбук акаунтот повеќе години, сигурно овие 10 типа на ФБ пријатели сте ги забележале.
1. Многу заљубен дечко/девојка
Секој нивни статус е поврзан со некоја песма, цитат, или слика посветена на нивниот партнер. ЦЕЛО ВРЕМЕ
2. Клабер
Личност која нон-стоп се тагира во кој кафич или клуб е моментално. На неделно ниво ги опфатува 30% од сите јавни локали.
3. Анонимус
Немаш престава која е личноста. Ништо на неговиот акаунт не ти е познато.
4. Светскиот патник
Еден ден е дома, за два дена е на друг континент, а за недела дена е на крајот од светот. Немате претстава како успева во тоа.
5. Интровертни емотивци
Немаат слики со никој освен со својте деца или куќните миленичиња. Тие се најслатките и најубавите на светот.
6. Екстровертни емотивци
Огромен дел од нивните статуси започнуваат со “се осеќам” или “оној момент”.
7. Дезертер
Личност која го напуштил или заборавил ФБ акаунтот. Не одговара ниту на реоденденските честитки
8. Личности кои те прават да се чуствуваш подобро
Оние кои уште студираат (ти си завршил), неможат да најдат работа (ти имаш), немаат партнер (ти имаш) и тн.
9. Личности кои те прават да се чуствуваш полошо
Точката 8 но обратно, и многу повеќе.
10. Личност со добра смисла за хумор
Личноста која има секогаш урнебесни статуси и слики, што ги објавува минимум 10 пати дневно