Колку точно е една секунда? Делува малку, но ако го оставиме настрана субјективното чувство за време, за една секунда во универзумот можат да се случат (и се случуваат) вртоглаво многу работи.
Пред да ве запознаеме со една интересна статистика за случувањата на Земјата и во вселената за време на оваа временска рамка, ајде накратко да кажеме колку точно е една секунда.
Современата физика ја дефинира едната секунда како време во кое се случуваат токму 9 192 631 770 осцилации на атомот на хемискиот елемент цезиум. За една секунда светлината може да ја обиколи Земјата во Екваторот над седум пати, а некои од елементарните честички кои научниците ги создаваат во големите акцелератори живеат толку кратко што ако нивниот живот се поистовети со човечкиот, тогаш една секунда би траела милиони години.
Продолжуваме со уште неколку работи што се случуваат во рамките на нашата една секунда:
За една секунда некаде во Универзумот се гасат 30 ѕвезди поголеми од Сонцето.
За една секунда Земјата е погодена од 40 молњи при грмотевици.
За една секунда корисниците на Google прават 11.500 пребарувања. Приближно толку е и логирањето на профили на социјалната мрежа Facebook. Одделно, за една секунда светот во просек испраќа 2,8 милиони меилови.
За една секунда во дождовните шуми се отсечени 34 дрвја.
За една секунда 2,8 милиони литри вода се излеваат од Нијагарините водопади.
За една секунда во светот се продадени речиси 20 илјади пијалаци Coca Cola.
За една секунда луѓето трошат 3 илјади долари на онлајн забава за возрасни.
За една секунда на свет се појавуваат 4 бебиња, а двајца луѓе умираат.
За една секунда во универзумот се раѓаат 4 илјади нови ѕвезди.