Десет неетички психолошки експерименти

3. Ефектот на случаен набљудувач

Некои психолошки експерименти, замислени да го проверат ефектот на случаен набљудувач, се сметаат за неетички за современите стандарди.

Во 1968-ма Џон Дарли и Биб Латејн пројавуваат интерес за однесувањето на набљудувачите на криминал, кои не преземаат никакви активности. Тие особено се заинтересирани за убиството на младата Кити Џеновезе на кое присуствуваат многу луѓе, но никој не го спречува.

Двајцата спроведуваат истражување на Универзитетот Колумбија во кое им даваат на волонтери анкета и ги оставаат сами во собата да ја пополнуваат. По кратко време во собата почнува да се впива безопасен чад. Истражувањето покажува дека самостојните учесници доста побрзо изреагирале за чадот од оние кои биле дел од групата.

Истражувањата се сметаат за неетички, бидејќи научниците ги подложуваат волонтерите на ризик од психолошка траума.

- Реклама -