2. Експериментите за конформизам на Аш
Соломон Аш проучува конформизам во 1951-ва, со тоа што вклучува волонтер во група, чија задача е да се споредат должини на линии.
Од секој се очекува да каже која од трите линии е најблиску до должината на референтната линија.
Учесникот сепак е вклучен во група актери на кои им е наложено да даваат два пати точен одговор, по што наизменично да даваат еднаков погрешен одговор. Аш сака да провери дали учесниците ќе реагираат како конформисти и ќе почнат да го даваат истиот погрешен одговор, знаејќи дека во спротивно би се разликувале од групата.
37 од 50-те учесници се согласуваат со погрешен групен одговор, иако неоспорени докази ги упатуваат во моментот дека е погрешен. Аш користи измама во експериментот, без да добие информирана согласност од учесниците, па истражувањето не би можело да биде реализирано во наши денови.