Десет навики на среќните парови

Што е потребно да се биде среќен во една врска?

Ако сакате да работите на подобрување на врската или бракот, ова се десетте навики на среќните парови.

1. Одат во кревет во исто време

Се сеќавате на почетокот на врската, кога не можевте да дочекате да одите во кревет заедно за да водите љубов? Среќните парови одолеваат на искушението да одат во кревет во различно време. Тие одат во кревет во исто време, дури и ако еден од партнерите подоцна се разбуди да доработи нешто додека другиот партнер спие. И кога нивната кожа ќе се допре, се уште предизвикува зближување и – освен ако не се целосно исцрпени- се чувствуваат секуално возбудени.

images

2. Негуваат заеднички интереси

Откако страста спласнува, вообичаено е да сфатите дека имате неколку заеднички интереси. Но, не го минимизирајте значењето на активности кои можете да ги правите заедно и во кои и двајцата ќе уживате. Ако заедничките интереси не се утврдени, среќните двојки ги развиваат. Во исто време, изградете и сопствен интерес во нешто; ова ќе ве направи попривлечни за вашиот партнер и ќе спречи да изгледате премногу зависно.

3. Се шетаат рака под рака, или рамо до рамо

Наместо едниот партнер да заостанува или да се влече зад другиот, среќните парови шетаат удобно рака под рака или рамо до рамо. Тие знаат дека е поважно да се биде со својот партнер отколку да го гледаат сами патот.

4. Довербата и простувањето го прават нивен стандарден режим

Ако и кога имаат несогласување или кавга, и ако не можат да ја решат, среќните парови ја одбираат довербата и простувањето, наместо недовербата и завидувањето.

5. Се фокусираат на тоа што нивниот партнер го прави правилно, отколку тоа што го прави погрешно

Ако барате работи кои вашиот партнер ги прави погрешно, секогаш можете да најдете нешто. Ако го барате она што тој го прави правилно, секогаш можете да најдете нешто, исто така. Сето тоа зависи од тоа што барате. Среќните парови ставаат акцент на позитивното.

couple laughing

6. Се прегрнуваат еден со друг штом се видат после работа

Нашата кожа има меморија на „добар допир“ (сакан), „лош допир“ (злоупотребуван) и „не допир“ (запоставен). Двојките кои велат здраво со прегратка ја одржуваат нивната кожа во „добар допир“, која може да биде како вакцина за вашиот дух против анонимноста во светот.

7. Велат „Те сакам“ и „Имај добар ден“ секое утро

Ова е одличен начин да се постигне трпение и толеранција како што секој партнер го поставува секој ден во борбата со сообраќајниот метеж, долгите редици и другите работи кои нервираат.

8. Велат „Добра ноќ“ секоја вечер, без разлика како се чувствуваат

Ова му кажува на вашиот партнер дека, без оглед на тоа колку сте лути на него, се уште сакате да бидете во врската. Тоа вели дека тоа што го имате со партнерот е поголемо од секој поединечен вознемирувачки инцидент.

9. Прават „проверка“ во текот на денот

Јавете се на вашиот партнер дома или на работа за да видите како му оди денот. Ова е одличен начин да ги прилагодите очекувањата и да бидете во сихронизација кога ќе се видите после работа. На пример, ако вашиот партнер имал лош ден, неразумно е да очекувате од него да биде ентузијаст за нешто добро што вам ви се случило.

10. Горди се да бидат видени со партнерот

Среќните парови се задоволни да бидат видени заедно и често се во некој вид на љубовен контакт- рака на рака, или рака на рамо, колено, грбот или вратот. Тие не се фалат, туку сам велат дека припаѓаат еден на друг.

Среќните парови имаат различни навики од несреќните парови. Навиката е дискретно однесување што го правите автоматски и потребен е мал напор да се одржува. Потребни се 21 ден од дневно повторување на ново однесување за да стане навика. Па изберете една по една од горенаведените навики, и со тек на време несомнено ќе станете пореќни како двојка. Ако „скршнете од патот“, не очајувајте, извинете се на вашиот партнер, побарајте прошка и вратете се на стекнувањето на саканата навика.

- Реклама -