Десет најздрави намирници на светот + брз рецепт

Дали сте знаеле дека во вашиот дом се крие најздравата храна на светот? Супер храната се состои од супер состојки со кои во вашето тело ги добивате сите потребни минерали и витамини. Време е да се запознаете со најздравата храна и со наједноставната и највкусната подготовка на истата.

1. Печурки

Вкусна храна која може да биде одлична нискокалорична замена на црвеното месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените, и штитат од рак на дојката.

Брз рецепт: Изрендајте ги печурките и пржете ги со маслиново масло, додајте лук и вино и варете додека виното не испари. Одличен гарнир со печено пиле.

2. Јачмен

Житарица богата со растителни влакна и борец против високиот холестерол и многу корисна за регулирање на варењето на храната.

Брз рецепт: Сварете го јачменот со грав и додајте зеленчук по избор, колку што сакате и добивате вкусна чорба. Ако сакате појак вкус препжете неколку парчиња пршута и додадете ја во чорбата.

3. Ореви

Неверојатна храна богата со омега 3 масни киселини кои го намалуваат лошиот холестерол и го регулира на добро.

Брз рецепт: За да го извлечете најдоброто од оваа храна не е потребна никаква подготовка. Измешајте една рака ореви, суви смокви и анасон и добивате енергетска бомба која можете да ја комбинирате наместо десерт или помеѓу оброци.

4. Интегрални тестенини

Најздравиот вид на тестенини кои содржат три пати повеќе влакна од било кој други. Целите зрна се многу здрави за вашето тело и варењето.

Брз рецепт: Пржете кратко лук и додајте туна во маслиново масло, пченка и сецкани домати. Сосот послужете го со пармезан и интегрално тесто.

5. Путер од кикирики или бадеми

Оваа храна богата со протеини содржи мононезаситени (олеинска) масни киселини кои се многу добри за срцето. Путерот, исти така можете и сами да го направите.

Брз рецепт: Миксирајте 2 чаши печени кикирики или бадеми, една и пол лажичка масло, пола лажичка кафеав шеќер и малку сол. Ако сакате благ путер, додајте малку мед.

6. Киноа

Киноата не е житарка туку семка од растението кое е сродно со спанаќот. Богата е со протеини, амино киселини, влакна, фосфор, магнезиум и железо и на организмот обезбедува енергија.

Брз рецепт: Со оглед на тоа дека киноа одговара со сите јадења, подгответе ја наместо ориз и тестенини. Тоа е одличен додаток за варен зеленчук и пилешко на скара.

7. Обезмастено млеко

Обезмастеното млеко содржи девет хранливи материи, вклучувајќи калциум, витамин Б, кој е добар за невролошката функција и витамин Д, кој е борец против ракот.

Брз рецепт: Одвикнете се од белото кафе или вообичаената шоља млеко и зачинете го овој напиток со екстракт од ванила и цимет.

8. Боровница

Ова супер овошје е богато со влакна, одличен антиоксиданс и е исклучително корисно за зајакнување на крввните садови. Боровницата е одличен извор на витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо.

Брз рецепт: Сладолед од ванила или со јогурт прелијте врз ова вкусно овошје и ќе добиете вкусен десерт.

9. Булгур

Булгурот е половина варен, сушен и мелена пченица богата со железо, фосфор, цинк, манган, селен, магнезиум, калиум и Б витамини. Тој е исклучително корисен за дигестивниот систем и помага во запек, дивертикулоза на дебелото црево, срцеви заболувања и рак.

Брз рецепт: Исто како оризот, тестенините и предходно споненатите киноа, булгурот е вкусен и неутреален прилог кој можете да го комбинирате со сите јадења.

10. Леќа

Леќата се вбројува во групата на зрнати мешунки. Не содржи никакви заситени масти, како и штетен холестерол, и е одличен извор на растворливи и нерастворливи влакна. Позната е како енергетска вредна храна заради високата концентрација на витамин Б и големи количини на јаглехидрати.

Брз рецепт: Леќата одлично одговара со домати, лук, месо, месни производи, маслиново масло и сирења за да ја направи чорбата уште повкусна или како прилог со месо.

- Реклама -