Десет изуми кои ќе го променат светот

Повеќе...

Евтиниот ДНК тест кој може да се нарача преку интернет, кабриолет на електричен погон, цемент кој го голта смогот, алгите како биогориво, камерата за слепи – се само дел од списокот на педесетте најдобри изуми за оваа година.

Евтиниот ДНК тест кој може да се нарача преку интернет, кабриолет на
електричен погон, цемент кој го голта смогот, алгите како биогориво,
камерата за слепи – се само дел од списокот на педесетте најдобри изуми
за оваа година.

Запознајте ја сопствената ДНК

Овој изум на годината, едноставен тест за само 339 долари кој го нуди Службата за генетско тестирање во Калифорнија, ќе ви даде поинаков поглед на сите ваши особини, од интелигенцијата до здравствените ризици. Сѐ што треба е да ја нарачате услугата преку интернет и по пошта да им пратите примерок од вашата плунка. Тестот ги одредува вашите предиспозиции за преку 90 особини и заболувања, од ќелавост до слепило.

tesla.jpg

Електричен кабриолет „тесла“. 
Електричните автомобили отсекогаш биле тивки, чисти и здрави за околината, но не и атрактивни. Сѐ се промена со новиот кабриолет двосед „тесла“  на Tesla Motors . Овој спортски автомобил на батерии вреди 100 000 долари и може да развие максимална брзина од 200 км/ч.
Седум нови смртни гревови
Ватикан во март го „освежи“ списокот на седумте смртни гревови со седум нови. Тоа се грешки од социјална природа, како постапките кои ја кршат биолошката етика, морално проблематичните експерименти кои им штетат на човековите ембриони, злоупотреба на дрогата, загадувањето, друштвена неправда, прекумерно богатство и предизвикување на сиромаштија.

raka.jpg
Силна рака
Оваа вештачка рака, производ на Touch Bionics, е мултиартикулирана т.е. секој прст си има сопствен мотор. Вештачките раце досега беа ограничени само на отворање и затворање на дланката, но сега оваа рака е способна и да држи тенки предмети, како на пример кредитна картичка, но и тешки како шолјата со кафе. Изтражувањата за изработка на оваа направа започнале уште во втората половина на минатиот век, а денес со неа се служат стотина луѓе ширум светот.

kompjuter.jpg

Најбрзиот компјутер во светот
На 26-ти мај оваа година, во 3.30 часот по полноќ, суперкомпјутерот Roadrunner вреден 133 милиони долари, конечно го постигна резултатот кон кој долго се тежнееше и ја проби т.н. петафлоп бариерата: квадрилион калкулација во секунда. Roadrunner е констуиран од IBM за Националната лабораторија на Лос Аламос во САД и ќе биде користен првенствено за симулација на ефектите на стареење на нуклеарното оружје.

Цемент кој го „јаде“ смогот
Земете обичен цемент и измешајте го со фотокатализатор (титаниум диоксид) кој го забрзува природниот процес на разложување на смогот. Потоа почнете со тоа да ги мачкате предметите. Всушност, тоа е она што се прави во едно мало гратче близу Милано. Овој TX active цемент е резултат на долгогодишниот напор на италијанската фирма Italcement. Со него е поплочена една прометна улица во Италија, а Italcement тврди дека количеството на азот во тој крај е намалено дури за 60%.

kamera.jpg

Камера за слепи
Колку и да звучи парадоксално Touch Sight  камерата им овозможува и на слепите луѓе да снимаат и сликаат фотографии. Фотографот ја држи камерата близу до своето чело, а екранот работи по принципот на Браевата азбука која дава испакната слика на она што е во опсегот на леќата.
Еколошка нафта
Кога би го немале проблемот со климатските промени и глобалното затоплување, нафтата и понатаму би била одличен извор на енергија. Богата е со енергија, лесно пренослива и (релативно) ефтина. Издвојте го од неа јаглеродот и ќе биде совршена – тоа е она што истражувачите од Државниот универзитет на Аризона се обидуваат да го направат. Истражувачите работат на размножување на алги кои можат да се претворат во биогориво кое би било идентично со бензинот. Ова гориво би било карбонски неутрално затоа што алгите при растот го трошат јаглерод диоксидот.

monotracer.jpg
Monotracer (мотор-автомобил)
Возилото има способност за ракување како мотор, а удобност на конвенционален автомобил. Monotracer-от на својот возач (и еден сопатник) им обезбедува и луксуз , еркондишн и брисачи на предното стакло и безбедносна алуминиумска кабина. Покрај тоа, тој е и енергетски ефикасен. Неговиот BMW мотор постигнува забрзување од 100км/ч за 4,8 секунди, а троши сѐ на сѐ 3,6 литри бензин на 100км.

Големиот хадронски судирач (колајдер)
Најголемиот акцелератор на светот, пуштен во употреба во септември, по десет дена мораше да биде повтоно исклучен најмалку до наредниот процес сѐ заради една жица која се преграла. Оваа џиновска машина која ги поттикнува протоните да кружат едни кон други сѐ додека не се судрат 6000 пати во секунда, треба да им помогне на научниците да одговорат на суштинските прашања – зошто масата постои и дали во вселената има и друга димензија?

- Реклама -