Десет фудбалски правила што важеа кога бевме деца

Интересни, непишани фудбалски правила кои секогаш се почитуваа кога игравме фудбал како деца.

551193_fudbal-bska-partizan-kisa-prekid260213-ras-foto-aleksandar-dimitrijevic07_ff

1. Најдебелкото секогаш брани.

2. Оној што ја поседува топката одлучува кој ќе игра.

3. Пенал се доделува само ако фаулираниот играч – пцуе.

4. Мечот се завршува кога сите играчи се изморени.

5. Со колку разлика и да воделе, победува оној кој ќе го даде следниот гол.

6. Нема судии.

7. Ако нема топка, може да заврши работа и пластично шише.

8. Ако те изберат последен, нема надеж за тебе.

9. Настрашната ситуација е кога под автомобилот ќе се заглави топката.

10. Кога сопственикот на топката ќе се изнервира, утакмицата е готова.

- Реклама -