Кога еден десерт се состои од чоколадо и карамела, тешко е дека може да погрешите. Така, доколку викендов сакате да импресионирате некого, ова е вистинскиот рецепт за вас.
За чоколадните тортички:
– 6 лажици путер
– 1 чоколадо за готвење
– 4 јајца
– 1/3 чаша шеќер во прав
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 чаша брашно
За карамелата:
– 1 чаша шеќер
– 1/2 чаша шлаг
– 6 лажици путер
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
Подготовка на колачите:
1. Путерот ставете го на оган да се стопи и во него додадете парчиња од веќе раскршеното чоколадо. Мешајте додека не се добие еднолична смеса.
2. Во друг сад ставете две цели јајца и две жолчки. Се заедно изматете.
3. Додадете шеќер во прав и сол во смесата и повторно добро разматете.
4. Со постојано мешање, во смесата полека додадете и брашно.
5. Стопената чоколада и путерот прелиете ги во смесата со јајцата и промешајте со дрвена лажица се заедно додека не се добие еднолична смеса.
6. Керамичите шолји премачкајте ги со путер и во внатрешноста со помош на сито истурете шеќер во прав, така што ќе е рамномерно залепен на сите страни.
7. Со смесата наполнете три четвртини од шолјата, и ставете ја да отстои во фрижидер 15 минути.
8. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.
9. Кога тортиците ќе се разладат, ставете ги во чашата (садот) за печење и печете ги околу 25 до 30 минути.
Подготовка на карамелата:
1. Додека тортиците се печат. во сад истурете го шеќерот, загрејте на тивок оган и оставете полека да се топи. Одвреме навреме промешувајте.
2. Кога шеќерот ќе е потполно стопен ,додадете го путерот и се добро промешајте. Потоа додајте еден прстофат сол и екстрактот од ванила, полека додадете го шлагот и изгасете го оганот.
3. Со лажица измешајте ја смесата и прелијте низ сито во сад.
4. Прелијте ги тортиците со неа и по желба украсете со шлаг.