Слатко уживање што се подготвува брзо и лесно. Ако сте љубител на слатко, топло ви го препорачуваме десертот од јаболки.
Состојки: 1 кг. јаболки, 100 г. суво грозје, 50 г. ореви, 50 г. бадеми, шеќер по вкус, 1 пудинг од ванила, шлаг, 1 мала чашка рум.
Подготовка:Сувото грозје потопете го во румот и оставете го да отстои. Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки, ставете ги во тенџере и испржете ги. Може да додадете и шеќер. По пет минути додајте го сувото грозје со румот, исечканите бадеми и ореви и пржете уште две минути. Згуснете го пудингот помешан со малку вода и оставете го уште малку на оган при тоа постојано мешајте. Смесата распоредете ја во четири чинии и оладете ги во замрзнувач.
Сервирајте го десертот со цимет и украсен со шлаг.
Добар апетит!