Дешамп нов селектор на Франција

По раскинувањето на договорот со Лоран Блан, како нов селектор на француската фудбалска репрезентација се спомнува поранешниот репрезентативец на „Триколорите“, Дидие Дешамп.

43-годишниот Дешамп го прекина договорот со Олимпик Марсеј, како што соопштија од клубот, спогодбено меѓу двете страни, иако остануваа уште две години од првично предвидената заедничка соработка, по што сега отворени се патиштата за преземање на францускиот национален тим.

Лоран Блан поднесе оставка по елиминацијата на Франција во четвртфиналето на ЕП 2012, па сега, како што пренесуваат француските медиуми, Дешамп е убедливо првиот фаворит за негов наследник.

- Реклама -