Подземниот град Деринкују во Кападокија, Турција, е изрезбан и издлабен во меките вулкански карпи во периодот од 8-от до 7-от век пред нашата ера. Фригите (претходно Бриги) го изградиле за да им служи како засолниште од инвазии.
Градот е 60 метри длабок и е поврзан со соседните градови во областа преку тунели, од кои некои се долги и неколку километри. Во Деринкују ќе најдете капела, религиско училиште, складишта и рефектории (вид јавни кујни). Камените движечки порти се единствениот влез пронајден до сега, без било какви докази за споредни влезови. Градот собирал 20.000 жители! денес, најголемиот дел од градот е отворен за туристи и посетители и претставува туристичка атракција и автентично турско наследство.