Дер Лајен: Критичната инфраструктура на ЕУ е загрозена, работиме со НАТО да се подготвиме за „најлошиот исход“

Критичната инфраструктура на Европската унија е загрозена и EУ и НАТО формираа заедничка работна група за испитување на можните закани за клучните сектори, вклучително и енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа изјави дека ЕУ работи со НАТО за да се подготви за „најлошиот исход“.

Фон дер Лајен најави дека резултатите од студијата ќе бидат претставени на состанокот на лидерите на ЕУ во јули.

МИА

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -