Депресијата ќе стане најраспространетата болест кај луѓето во светот, по не повеќе од 20 години.
Според податоците на Светската здравствена организација, во моментот 450 милиони луѓе страдаат од различни психички заболувања и нарушувања, со што ширењето им е значително пошироко од други болести, на кои им се обраќа далеку повеќе внимание како на пример СИДА или рак.
Се почесто експертите ја нарекуваат депресијата „тивката епидемија”, бидејќи доста незабележано случаите за последните децении се зголеми.
Според последните проценки загубите кои што ги трпат економиите како резултат на болеста наскоро ќе се израмнат со оние од помошта за невработени и загубата на работоспособност.