Део стик против потење: Проверен рецепт од 3 состојки

Дезодорансите се производи базирани на алкохол и вода, кои делуваат против бактериите и така ги спречуваат непријатните мириси.

Но, за дезодорансите да бидат ефективни не мора да бидат преполни со сомнителни состојки кои не можеме ни да ги изговориме. Ако сакате природен и миризлив дезодоранс во стик кој ја негува кожата и ги спречува непријатните мириси, направете го сами на следниот начин:

Состојки:

– 6 до 8 лажици кокосово масло (во црвста форма)

– 1/4 чаша сода бикарбона

– 1/4 чаша пченкарен скроб

Подготовка:

1. Измешајте еднаква количина на сода бикарбона и скроб.

2. Постепено додадете го кокосовото масло и со лажица добро измешајте.

3. Ако сите состојки се добро измешани би требало да добиете смеса слична на купечкиот део стик- трда, но која може да се размачка (како мелем).

4. Ако смесата е премногу ретка, додадете повеќе скроб.

5. Смесата ставете ја во стар апликатор, купечки дезодоранс во стик или наполнете кутија со капак и нанесете со прстите. Ставете го накратко во фрижидер да се зацрвсти и вашиот дезодоранс е подготвен за употреба.

Совети:

– За свеж и пријатен мирис во смесата може да додадете и неколку капки етерично масло од нане, лаванда или цитус.

– Наместо пченкарно брашно може да ставите и Ару-прав (скроб од растенитео Маранта)

– Дозата која ќе ја направите е доволна за до 6 месеци, а природниот и ефикасен дезодоранс може да го користите кога сакате.

- Реклама -