Во текот на вчерашниот ден, ненадејно Никола Јокиќ и Денвер останаа без тренер, а извршниот директор на клубот, Џош Кренке сега објасни зошто било одлучено да се разделат со Мејк Мелоун.
Според зборовите на Кренке тој во еден момент сфатил дека со Мелоун на клупата тимот не оди во посакуваната насока, па поради тоа раководството се одлучило на потег кој за нив не бил лесен.
„Одлуката не беше воопшто лесна и не ја донесовме набрзина само како реакција на последните порази. Подолго време го следев тимот и се појавија некои работи кои ме загрижуваа, но додека победувавме тоа ги замаскируваше проблемите. Пред Ол-стар викендот бевме во победничка серија, но оттогаш мислам дека сме на 11/13, а сега ги загубивме и последните четири натпревари, па сметам дека одевме во насока која не ја посакувавме. Размисливме и анализиравме и разделбата изгледаше како најдобра одлука за клубот и затоа така одлучивме“, изјави Кренке.
Со последниот пораз и резултатите на ривалите, Денвер минатата вечер падна на шестото место на Западната конференција, а ако не започне да победува до крајот на регуларниот дел, Јокиќ и друштвото можат да дојдат и до осмото место.