Денвер ја совлада Мемфис, Јокиќ постигна трипл-дабл

Денвер Нагетс остварија победа против Мемфис во натпревар од регуларната сезона во НБА, со конечен резултат 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, блескаше со трипл-дабл од 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен актер во победничката команда беше Џамал Мареј, кој постигна 26 поени.

Во составот на Мемфис, се истакнаа Кауард со 27 поени, додека Хендрикс и Вилијамсон секој од нив реализираше по 16 поени.

Резултатите од другите натпревари во НБА одиграни во ноќта среда кон четврток се следни:

– Кливленд – Атланта 122:116
– Детроит – Милвоки 137:111
– Орландо – Минесота 132:120
– Сан Антонио – Портланд 112:101
– ЛА Клиперс – Оклахома 110:128
– Феникс – Далас 112:107

Прочитајте и:  Израел ја активираше операцијата против Хезболах во Либан.

Оклахома е на чело на Западната конференција со скор од 64 победи и 16 порази, додека Детроит води на Исток со 58 победи и 22 порази.