Денот кога на САД им паднаа 4 хидрогенски бомби врз шпанско рибарско селце

Palomares_H-Bomb_Incident

На денешен ден, 17-ти јануари 1966-та година, бомбардерот B-52 на американските воздухопловни сили се судри со танкерот кој требаше да го наполни со гориво, додека беа во лет. Како резултат на тоа, четири хидрогенски бомби паднаа на земјата во близина на Паломарес – мало шпанско рибарско селце.

Бомбардерот удри во танкерот KC-135 на височина од 9.450 метри. Излеаното гориво целосно го уништи танкерот, при што загина целиот негов екипаж. Гинат и тројца од седумчлениот екипаж на бомбардерот B-52. Овој вториот се распадна и го истури товарот – четири хидрогенски бомби, тип B28RI, опремени со боеви глави од по 1.45 мегатони. Три паѓаат на земјата до селото, четвртата – во Средоземното Море.

Boeing-KC-135A-BN-58-0004-Sratotanker-refuels-Boeing-B-52G-75-BW-Stratofortess-57-6471[1]Иако беа детонирани стандардните експлозиви во две од четирите бомби, не дојде до водороден холокауст. Сепак, местото каде ќе паднат бомбите се заразува со радијација – плутониумот се распрснува на површина од 200 хектари. Околу 1750 тони земја беа ископани и доставени во САД за исфрлање.

Прочитајте и:  Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа, не може вечно да се потпираме на САД

Бомбата која ќе заврши во Медитеранот е откриена дури 80 дена подоцна. САД ги впрегнаа сите можни ресурси за да ја најдат, стравувајќи дека може да биде откриена од Советскиот Сојуз.

Recovered_Mk_28RI_bomb[1]

Еден локален рибар – Франсиско Симо Ортс – се покажа како сведок кој видел каде паднала бомбата и и помогна на морнарицата на САД при пребарувањето. Откако конечно ја наоѓаат, Симо Ортс заминува за Њујорк. Со него е и неговиот адвокат, со чија помош ќе побара награда. Според американскиот министер за одбрана, бомбата чинеше 2 милијарди долари. Ортс побара 20 милиони т.е. 1% од нејзината вредност. На крајот, постигнато е вонсудско решение. Не се знае колкава сума била договорена.

- Реклама -