Денеска, 15-ти мај се одбележува Светскиот ден на семејството ширум светот.
По тој повод ужувајте во неколку прекрасни цитати:
„Семејството не е важно нешто. Семејството е сè што е важно.“ – Мајкл Џ. Фокс
„Другите работи би можеле да нè сменат, но сè започнува и завршува со семејството.“ – Ентони Брент
„Тоа го прават луѓето кои ве сакаат. Ве прегрнуваат и ве сакаат дури и тогаш кога не сте баш пожелно друштво.“ – Деб Калети
„Не ми е грижа колку е сиромав некој човек. Ако има семејство тој е богат.“ – Ден Вилкокс и Тад Мамфорд
„Семејство. Бевме една чудна банда од ликови кои врват низ животот делејќи заразни болести и паста за заби, посакувајќи го туѓиот десерт, криејќи го шампонот, позајмувајќи пари, заклучувајќи се во собите. Во ист здив предизвикувавме болка и бакнувавме за да излечиме. Се сакавме, се смеевме, се чувавме и се обидувавме да ја откриеме нишката која нè држеше сите заедно.“ – Ерма Бомбек
„Нема нешто што може повеќе да те полуди од твоето семејство. Или да направи да се чувствуваш посреќно, или поизиритиранио, или… посигурно.“ – Џим Бучер
„Семејство не секогаш значи крвно сродство. Тоа се луѓето во твојот живот кои сакаат да бидеш дел од нивниот. Оние кои те прифаќаат таков каков што си. Оние кои би сториле сè за да те видат среќен, оние кои те сакаат без оглед на сè.“ – Непознат автор
„Мајките се оние кои нè сакаат без некоја посебна причина. Тие кои се мајки знаат дека таа љубов е најпосебна и најисконска.“ – Меги Гaлагер
„На секој можен начин семејството е линк до нашето минато и мост до нашата иднина.“ – Алекс Хејли