Во изминатото деноноќие во земјава се потврдени над 150 позитивни случаи на лица заболени од Ковид-19, потврдија од Институтот за јавно здравје за МИА.
Според неофицијалните податоци на медиумите, повторно најголемиот број се од Скопје. Според извори на „Канал 5“, регистрирани се околу 160 нови случаи, од кои околу 100 се од Скопје.
Според информациите на „Сител“ од Центарот за јавно здравје, само во главниот град се дијагностицирани најмалку 88 нови случаи позитивни на КОВИД-19, од кои повторно најголемиот број се од скопската општина Чаир.