На 19 август се слават 175 години откако фотографијата е признаена од Француската академија на науките и ликовна уметност.
На 19 август 1839 година е направено официјалното претставување на фотографски процес од Луј Дагер пред Француската академија на науките и ликовни уметности.
Фотографијата влегува широко на потрошувачки пазар во 1901 година со презентација на познати модели на апарати, а во 1925 година се појавува првиот апарат „Лајка” со 35 мм црно-бел филм.
Фотографија се нарекува процесот на создавање на слики на реални објекти со помош на светлина. Терминот потекнува од грчките зборови Фос (светлина) и Граф (“пишува”).
Обидите за “фотографирање” датираат уште од времето на Леонардо да Винчи, но првата успешна фотографска слика е од 1826 година и е дело на францускиот пронаоѓач Жозеф Нисефор Ниепс .
Во продолжение погледете дел од првите фотографии во историјата на фотографијата…