Денес вака изгледа привлечната „Жена без име“

Се сеќавате на убавата актерка Марија Јакшиќ од спотот на Владо Георгиев за песната „Žena bez imena“?

Актерката во време на подемот на својата кариера едноставно исчезна од сцената, за жал за многу мажи. Сигурно се прашувате што се случило.

Марија пред седум години одлучила да ја прекине кариерата, да остави сè и да отиде во потрага по вистината и мирот.

Актерката која сме можеле да ја видиме во „Мешовит брак“, „Агенција за СИС“ и во филмот „Ние не сме ангели 2“, прво се упатила на Тајланд, а потоа се преселила во Индија.

марија на својото пат се запознала себеси, се запознала со својот сегашен сопруг, ајурведски доктор Вуџу Кантан.

Во Индија со годни учела од ајувердски терапефти и денес е почитуван инструктор по јога.

Прво отворила училиште за јога во Подгорица, каде имала голем број на ученици, а оваа година отворила училиште за јога „Iyengar“ во родниот Белград.

Актерката постојано работи на лично подобрување и усовршување, вредни вежба и истакнува дека благодарение на моќните техники на јогата и своето патување, научила да биде свесна за секој момент во својот живот.

Марија ужива во животот со сопругот Вуџу, но тие се уште не знаат каде ќе се формираат дом.

- Реклама -