Денес на 365 во 13:00 гледајте #филмвоживо

ШТО Е ОВА #ФИЛМВОЖИВО?

Прв оригинален обид за снимање кратки филмови во живо со најхрабрите твитерџии, во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“.
Твитерџиите ќе бидат „режисери“, а сите вие може да бидете „сценаристи“ на кратките филмови и да им помогнете околу случувањата во собите. На крај, заедно го гласаме најдобриот филм.

Што е филмот со #филмвоживо? Ѕирнете тука https://t.co/PRik6hTYgV @MKC_Skopje

— Recepcionerot (@recepcionerot) November 17, 2015

 КАДЕ И КОГА СЕ СНИМА?

Се снима три дена во три различни соби во хотел Синедејс во периодот од 13 до 14 часот. Денес снимаме во собата на писателот, во среда (18 ноември) снимаме во собата на љубовниците, а во четврток (19 ноември) – во собата на киднаперите. Стримингот во живо денес во 13:00 ќе може да го следите на нашиот веб-сајт преку банерот десно или на http://hotelcinedays.mk

КОИ СЕ „РЕЖИСЕРИТЕ“?
@JBurgundi и @mnogufina се „режисери“ во собата на писателот.
@mila_la и ‏@Gas_maska се „режисери“ во собата на љубовниците.
‏@jocoska и ‏@strezovski се „режисери“ во собата на киднаперите,
а ‏бонус е @Gas_maska како еден од глумците во таа соба.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

КАКО ДА БИДЕТЕ „СЦЕНАРИСТИ“?
Следете го стримот во живо, давајте предлози на хаштагот #филмвоживо како да се одвива дејството во собата и ако вашиот предлог е ретвитнат од „режисерите“, тогаш тоа е следната акција што ќе ја направи ликот во собата.
Со тоа вие станувате сценарист и добивате карти за филм по ваша желба од репертоарот на „Синедејс“ и маичка.
<!—skripta za embediran tweet3–>

ПИСАТЕЛОТ

Денес снимаме во хотелската соба на писателот. Го гледаме седнат на масата пред својата машина за пишување. Дали ќе напише нешто или ќе му стигне СМС? Можеби ќе добие некаков пакет пред вратата? Што ќе се случи? Помогнете им на @JBurgundi и @mnogufina со сценариото и освојте награди. 

- Реклама -