Поранешната сопруга на Брус Вилис и Ештон Кучер, Деми Мур, е прогласена за ѕвезда која старее најубаво во истражувањето на британскиот моден сајт „MyCelebrityFashion“.
Анкетирани биле 1 300 жени кои одговарале која ѕвезда според нив старее најубаво.
Деми Мур (51) се најде на првото место со 55% гласови. Актерката која неодамна се разведе од Ештон Кучер и понатаму изгледа сјајно иако годинава ќе влезе во шестата деценија од животот. Иако негира дека има направнео естетски корекции, тешко е да се поверува во тоа.
На второ место е пејачката и актерка Оливија Њутн Џон (64), ѕвездата од „Брилијантин“, а на трето оскаровката Хелен Мирен (67). Четвртото место го зазеде првата дама на САД, Мишел Обама (49), а петтото актерката Мишел Фајфер (54).