Деми Мур побара алиментација од Качер

Актерката Деми Мур бара нејзиниот поранешен сопруг Ештон Качер да и плаќа алиментација, се дознава од документите кои ги поднесоа вчера во судот во Лос Анџелес.

Качер (35), новата ѕвезда на хумористичната тв серија „Два и пол мажи“ во која ја наследи улогата на Чарли Шин, поднесе барање за развод во декември 2012 година.

article-2289111-1820B089000005DC-775_634x805

Одлуката на деми да побара финансиска потпора од поранешниот сопруг е необична за 50-годишната актерка со оглед на тоа што таа беше една од најплатените актерки во Холивуд во текот на 1990-те години.

За сега не е познат износот на алиментација кој таа го побарала.

article-2289796-18810634000005DC-610_634x778

Качер и Мур, меѓу кои постои 16 годишна разлика, се венчаа во 2005-та година во Лос Анџелес. Пред тоа , Мур беше мажена за ѕвездата на акционите филмови Брус Вилис со кој има и ќерка.

Според податоците на Форбс, Качер минатата година заработил 24 милиони долари и е најплатен актер во моментов.

- Реклама -