Актерката Деми Мур не присуствувала на дипломирањето на нејзината ќерка.
50-годишната ѕвезда, која е во горчлив развод со Ештон Качер, го пропуштила дипломирањето на втората ќерка на Универзитетот Браун. Ѕвездата не присуствуваше на ниту една церемонија, ниту на семејната вечера која беше организирана во чест на 21-годишната студентка.
„Иако отсуствуваше, сите се забавуваа и без неа”, изјави очевидец на забавата. Поранешниот сопруг на актерката Брус Вилис бил таму заедно со другите две ќерки Румер и Талула. Ѕвездата од „Умри машки” бил забележан во градот уште во петокот минатата недела.
Односот на Деми и нејзините ќерки изгледа се уште е чувствитела тема, и покрај информациите за нивното последно помирување. Девојките од своја страна се загрижени за новиот живот на нивната мајка, која неодамна започна нова врска со 30-годишен нуркач.