Деми Ловато: Не можев ни пола час без кокаин

„Го сокривав било каде, го криев во авион, чекав сите да заспијат, а потоа одев во тоалет и таму го конзумирав“ – се исповедала  младата пејачка Деми Ловато (21) .Таа во исповед за своите обожаватели вели дека не можела да издржи ни половина час без кокаин, во периодот кога била зависна од дрога и алкохол.

Иако многу млада, таа веќе напиша и мемоари „Staying Strong: 365 Days a Year“, кои беаобјавени минатиот месец.

Успеала да се спасо со огромна помош од семејството, што на крајот довело до цврста семејна врска.

„Горда сум на неа, и тоа ме прави среќна“ – заклучува  мајката на Деми.

- Реклама -