Деми Ловато замина на рехабилитација по предозирањето пред помалку од еден месец, но дилерот сè уште е на слобода.
Името кое се наведува во таблоидите како одговорно за состојбата на пејачката е Брендон Џонсон. Тој пред случајот со Деми бил апсен поради поседување оружје и дрога.
Ловато била во постојана комуникација со него уште од мај, а во кобната вечер побарала да ѝ донесе одредени наркотици и лекови, меѓу кои и фентанил. Овој лек бил пронајден и во крвта на телата на Принс и Мајкл Џексон при обдукциите и се наведува како една од причините која предизвикала смрт кај нив.
Дилерот бил со Деми кога ги примила наркотиците, но кога забележал дека нејзината состојба се влошува, избегал. Кратко потоа ја пронашле пријателите и телохранителот и благодарение на брзата реакција, Деми останала жива.