Веќе шест години успешно се одржува Veuve Clicquot Polo Classic. Па, зошто да не кога Вев Клико овој настан го опишува како „возбудливо попладне посветено на гледање поло натпревар и пикник во кој најдобро се ужива со чаша шампањ во рака“.
Бидејќи присуствувала на тој настан, фотографката Мишел Гроскоф изјавила:
„Ова е еден од оние настани кои во исто време се неверојатни и ужасни. Се чувствував како да ги гледав сцените од некое сосема друго, буржоаско време. Луѓето се шетаат облечени во боите на Veuve и трошат илјадници долари на шампањ. Се продаваат ќебиња, чадори, чашки, сé. Колку да се опали рекламираниот производ секаде каде што може.
Поло натпреварот, всушност е позадината на журката. Во основа, тоа е можност луѓето да си честитаат едни со други за успесите, се утепуваат од алкохол и склучуваат нови зделки. Публиката е прилично млада, со оглед на тоа колку пари имаат. Тие толку се богати што можеш да ги зафркаваш без никакво чувство на непријатност, буквално за сé, како што веројатно и тие зафркаваат други“.
Ако мора да се спореди ова искуство со некој историски настан, најмногу би одговарал судот на Луј XIV, вкрстен со домашна журка од филмовите на Џон Хјуз.