Неодамна делата на Пабло Пикасо пристигнаа и во Хрватска. Дека изложбата буди восхит и претставува вистинска инспирација за сите уметнички души, пример е и познатата хрватска шминкерка, Ивана Биланџија Били. Имено, Били со нејзиниот последен проект покажа дека и шминката претставува своевидна уметност. Нејзина инспирација, како што и самата вели, се делата на славниот уметник, чиј стил го преслика на машките и женски лица.