Во октомври 2011-та година, Марко Мандерс ја доби престижната награда за „Оригинален дизајн“ за неговиот изум „Тулпи“. Станува збор за разнобојни челични лалиња кои се претвораат со екстремно комфорни столчиња. Овој дизајн кој најпрво беше претставен на Холандската дизајнерска недела, сега ги краси парковите и плоштадите во многу светски метрополи, а популарноста на овој производ расте од ден во ден. И навистина има зашто, овој изум освен што претставува прекрасен декор за градот, е навистина практичен за сите оние кои сакаат мала починка.