Иако од нејзината смрт поминаа 50 години, Мерилин Монро и денес важи за една од најубавите жени, а ги победи актерките Скарлет Јохансон, Кристина Хендрикс и Софија Лорен во изборот на најубаво деколте.
Овој пат британските купувачи на долна облека ја прогласија за кралица на деколтињата.
На второ место се најде 31-годишната британска телевизиска ѕвезда Холи Вилоби, а третопласирана во изборот за најубави гради, односно деколте е британската глумица Елизабет Харли.
Веднаш зад величествената тројка се Кели Брук на четвртото и Софија Лорен на петтото место. Останатите пет места во листата со десет најубави деколтиња им припаднаа на Скарлет Јохансон, Кристина Хендрикс, Бијонсе, Ким Кардашијан и Дита фон Тиз.
Листата ја состави британскиот бренд Debenhams, преку анкетирање на своите потрошувачи.